Свет „Секој напад ќе биде казнет“

Хутите се заканија дека сите американски бродови ќе бидат нивна мета

Претходно Хутите презедоа одговорност за денешниот напад врз американски товарен брод во Аденски Залив.

Хутите се заканија дека сите американски бродови ќе бидат нивна мета

Портпаролот на Хутите, Насрулдин Амер најави дека ќе ги прошират своите цели на американските бродови.

– Бродот не мора нужно да плови кон Израел за ние да го таргетираме, доволно е што е американски. На САД им се заканува губење на поморската безбедност, наведе Амер.

Тој истакна дека британските и американските бродови станале легитимни цели поради нападите што двете земји ги почнаа во Јемен.

Претходно Хутите презедоа одговорност за денешниот напад врз американски товарен брод во Аденски Залив.

Воениот портпарол на Хутите, Јахја Сареа изјави дека нивните поморски сили спровеле воена операција во која со проектили гаѓале американски брод во Аденски Залив. Тој додаде дека неизбежно ќе следи одговор на американските и британските напади и дека секој таков напад ќе биде казнет. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top