Свет Доха

Хохштајн: Ситуацијата во Сирија ќе го ослаби Хезболах

Хохштајн зборуваше на Форумот во Доха, кој се одржува во Катар од 7 до 8 декември.

Хохштајн: Ситуацијата во Сирија ќе го ослаби Хезболах

Американскиот пратеник за Блискиот Исток, Амос Хохштајн изјави дека ситуацијата во Сирија дополнително ќе ја ослабне либанската милитантна група Хезболах, бидејќи е отежната доставата на оружје од Иран.

Хохштајн зборуваше на Форумот во Доха, кој се одржува во Катар од 7 до 8 декември.

Денеска, во Доха се одржува и состанок на министрите за надворешни работи на Турција, Иран и Русија, посветен на ситуацијата во Сирија. (МИА)

To top