Свет

Хезболах: Секое разоружување на движењето во Либан е голем грев, му служи само на Израел

Генералниот секретар на либанското милитантно движење Хезболах, Наим Касем, денеска изјави дека секој обид за разоружување на тоа движење во Либан би им служел само на целите на Израел и ја повика либанската влада да ги прекине сите активности насочени кон разоружување на таа група.

Касем рече дека разоружувањето на Хезболах би било „голем грев“, додавајќи дека Хезболах не бара војна, но дека нема да се предаде и дека е подготвен да го брани Либан, пренесува „Ал Џезира“. Тој потсети дека либанскиот Устав предвидува „преземање на сите неопходни мерки за ослободување од израелската окупација“.

Касем ги обвини САД дека се „целосен партнер на Израел“ и дека водат „операции на окупација, убивање и геноцид“, додавајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп „им дава лажно чувство на сигурност на Арапите додека го поддржува израелскиот експанзионистички план“.

Лидерот на Хезболах за време на обраќањето тврдеше и дека Израел е експанзионистичка држава која тежи кон окупација на цела Палестина и регионот, а дека мировните договори се само „хартиени“ обврски, повикувајќи се на договорите од Осло и Мадрид.

To top