Свет

Хезболах сè уште без реакција на вториот бран експлозии

За разлика од вчерашните експлозии, кои либанската група веднаш ги призна и ги осуди, Хезболах досега не објави официјално соопштение за денешниот бран експлозии, јави Ал Џезира.

Групата наместо тоа објави изјави за неколку воени операции што ги извршила против израелските сили, вклучително и ракетни напади врз бази во северен Израел.

Според последните информации од либанското Министерство за здравство, во денешните експлозии на уреди за комуникација загинале 14 лица, а повеќе од 450 се ранети.

Вчера 12 лица загинаа, а речиси 3.000 беа ранети, од кои речиси 200 во критична состојба, во експлозии на пејџери што ги користеле припадници на Хезболах.

To top