Свет сад

Хантер Бајден, синот на актуелниот американски претседател се изјасни за виновен

Хантер Бајден, син на актуелниот американски претседател Џозеф Бајден, се изјасни за виновен за федералните даночни обвиненија против него во САД.

Хантер Бајден, синот на актуелниот американски претседател се изјасни за виновен

Хантер Бајден, син на актуелниот американски претседател Џозеф Бајден, се изјасни за виновен за федералните даночни обвиненија против него во САД.

Со ова тој ја промени претходната изјава од јануари 2024 година, кога изјави дека е невин, пренесува „Гласот на Америка“.

Тој се изјасни за виновен по сите девет точки од обвинението, а беше обвинет за проневера на вкупно 1,4 милиони долари, а во исто време парите ги трошел на наркотици, проституција и луксузни предмети, пренесуваат светските медиуми.

Судијата Марк Скарси рече дека синот на Бајден се изјаснил за виновен и дека не постигнал договор со обвинителите за намалување на казната.

Според судијата Скарси, максималната затворска казна пропишана за ова дело е 17 години затвор, додека паричната казна е до 450.000 долари.

Во изјавата по сослушувањето, Хантер Бајден изјави дека се изјаснил за виновен за да ги поштеди родителите од непријатните детали од делот од неговиот живот во кој ги претрпел последиците од зависноста од дрога.

„Со оглед на сето она што го направив во претходните години, сакав да ги поштедам“, рече Хантер Бајден, истакнувајќи дека го исплатил својот даночен долг.

Неговото признание за вина, на денот кога се очекува да започне процесот, е предуслов за да се избегне судење за време на кое сигурно ќе бидат обелоденети компромитирачките детали од неговиот живот – непосредно пред претседателските избори во САД на 5 ноември, според „Гласот на Америка“.

Во јуни 2024 година, Бајден Јуниор беше осуден во американската држава Делавер под обвинение за нелегално купување оружје додека бил корисник на дрога.

На таа пресуда тој поднел жалба.

To top