Свет

Хамас: Подготвени сме за шестнеделен прекин на огнот со размена на заложници

Хамас која досега бараше конечен прекин на огнот во Газа пред размената на израелски заложници за палестински затвореници, сега е подготвен за шестнеделен прекин на огнот, изјави претставник на палестинското исламистичко движење.

Хамас: Подготвени сме за шестнеделен прекин на огнот со размена на заложници

Според овој прекин на огнот, 42 заложници, жени, деца, стари и болни, би можеле да бидат ослободени во замена за 20 до 50 палестински заложници, во зависност од ситуацијата, многу помалку отколку што претходно бараше Хамас. Според Израел, 130 заложници се уште се држат во Газа, а се верува дека 32 од нив се мртви.

To top