Свет Досега ослободени 175 лица од двете страни

Хамас настојува да ја продолжи хуманитарната пауза во Газа

Палестинската група Хамас соопшти дека настојува да ја продолжи четиридневната хуманитарна пауза во конфликтот со Израел во Појасот Газа, јавува Анадолија.

Хамас настојува да ја продолжи хуманитарната пауза во Газа

Како што пренесува турската агенција, тие велат дека вложуваат сериозни напори да обезбедат ослободување на повеќе Палестинци дури и по завршувањето на паузата.

Палестински извор, кој побарал да не биде именуван, синоќа потврдил за Анадолија дека Хамас ги информирал посредниците Катар и Египет дека движењата на отпорот се подготвени да го продолжат сегашниот прекин на огнот за два до четири дена.

Во првите три дена од паузата, Хамас ослободи 40 Израелци и 18 странци, додека Израел ослободи 117 Палестинци.

Четиридневната хуманитарна пауза со посредство на Катар, Египет и САД стапи во сила во петокот, со што привремено беа запрени израелските напади врз Појасот Газа.

Израел започна напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Оттогаш, според здравствените власти во енклавата, убиени се најмалку 14.854 Палестинци, меѓу кои 6.150 деца и повеќе од 4.000 жени.

To top