Како што пренесува турската агенција, тие велат дека вложуваат сериозни напори да обезбедат ослободување на повеќе Палестинци дури и по завршувањето на паузата.
Палестински извор, кој побарал да не биде именуван, синоќа потврдил за Анадолија дека Хамас ги информирал посредниците Катар и Египет дека движењата на отпорот се подготвени да го продолжат сегашниот прекин на огнот за два до четири дена.
Во првите три дена од паузата, Хамас ослободи 40 Израелци и 18 странци, додека Израел ослободи 117 Палестинци.
Четиридневната хуманитарна пауза со посредство на Катар, Египет и САД стапи во сила во петокот, со што привремено беа запрени израелските напади врз Појасот Газа.
Израел започна напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.
Оттогаш, според здравствените власти во енклавата, убиени се најмалку 14.854 Палестинци, меѓу кои 6.150 деца и повеќе од 4.000 жени.