Свет Тајмс оф Израел

Хамас ја предаде израелската заложника Агам Бергер на Црвениот крст во Газа

Таа се насмевна и упати поздрав пред да ја однесат од бината до возило на Црвениот крст, а забележливо беше дека се појави во релативно добро физичко здравје.

Хамас ја предаде израелската заложника Агам Бергер на Црвениот крст во Газа

Израелската заложничка, припадничка на ИДФ, Агам Бергер предмалку и беше предадена на Црвениот крст од маскирани вооружени лица во Појасот Газа, можеше да се види во директен телевизиски пренос од Газа, јави ДПА.

Заложничката Бергер се појави во Џабалија, во северна Газа, опкружена со вооружени лица на Хамас, пред да биде предадена на Црвениот крст. Бергер беше облечена во маслинесто зелена облека за да изгледа како припадничка на ИДФ, а беше опкружена од вооружени и маскирани оперативци на Хамас, јави Тајмс оф Израел.

Таа се насмевна и упати поздрав пред да ја однесат од бината до возило на Црвениот крст, а забележливо беше дека се појави во релативно добро физичко здравје.

За неколку моменти, таа ќе биде донесена кај војниците на ИДФ во Газа, по 482 дена во заробеништво на Хамас, и ќе биде спроведена надвор од Појасот, дополни Тајмс оф Израел. (МИА)

To top