Палестинското исламистичко движење Хамас ја поздрави денешната одлука на Меѓународниот суд на правдата да му наложи на Израел веднаш да ја прекине воената офанзива во градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.
Сепак, Хамас оцени дека тоа не е доволно и бара запирање на израелската офанзива во целиот Појас Газа, пренесуваат агенциите.
Покрај тоа, Хамас го повика Советот за безбедност на ОН да ја спроведе одлуката на Меѓународниот суд на правдата (МСП).
Палестинската управа, која владее со делови од другата палестинска територија на окупираниот Западен Брег, ја поздрави одлуката на МСП, велејќи дека таа претставува меѓународен консензус за ставање крај на војната во Појасот Газа, изјави портпаролот на палестинскиот претседател Набил Абу Рудеин.