Свет

Хамас ја потврди смртта на својот лидер Јахја Синвар

„Овие затвореници нема да се вратат кај вас пред крајот на агресијата во Газа и повлекувањето од Газа“, рече Ак Хаја.

Хамас ја потврди смртта на својот лидер Јахја Синвар

Лидерот на Хамас, Јахја Синвар, архитект на прекуграничните рации на групата во 2023 година, кои станаа најсмртоносниот ден во историјата на Израел, е убиен во борба, изјави денеска Калил ал Хаја, заменик-лидер на Хамас во Газа и главен преговарач на групата, пренесоа светските агенции.

Во телевизиска изјава, Ал Хаја ја потврди позицијата на палестинската милитантна група дека израелските заложници заробени во нападот на групата врз Израел на 7 октомври 2023 година, нема да бидат ослободени додека не биде прекинат огнот во едногодишната војна во Газа.

„Овие затвореници нема да се вратат кај вас пред крајот на агресијата во Газа и повлекувањето од Газа“, рече Ак Хаја.

Смртта на Синвар, која следепе по убиствата на другите лидери и команданти на Хамас, ќе и нанесе огромен удар на исламистичката група, која се соочува со немилосрдни воздушни напади откако го нападна Израел на 7 октомври 2023 година, при што според израелските податоци загинаа 1.200 луѓе.

Милитантите на Хамас, исто така, зедоа околу 250 луѓе како заложници во Газа, создавајќи заложничка криза за крајнодесничарската влада на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, која вети дека ќе ја елиминира групата.  (МИА)

To top