Свет

Хамас го информира Хезболах дека се согласил на прекин на огнот во Појасот Газа

Хамас го информира Хезболах дека се согласил на прекин на огнот во Појасот Газа

Делегација на Хамас предводена од Калил ал Хаја денеска во Бејрут се сретна со лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, при што палестинската група информираше дека се согласила со предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа.

Според неименувани извори Хезболах се согласил да ги прекине нападите врз Израел доколку се постигне прекин на огнот во Појасот Газа.

Хамас, исто така соопшти дека е против какви било изјави и позиции за поддршка на плановите „странските сили“ да влезат во Појасот Газа „под кое било име и под кој било изговор“.

Висок американски функционер вчера изјави дека Хамас направило значителни приспособувања на својата позиција за можниот договор за ослободување на израелските заложници што ги држи во Појасот Газа.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху вчера најави дека подготвува екипа за обнова на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа. Неговата одлука уследи откако Хамас предложи етапен прекин на огнот.

To top