Свет

Гутереш: Потребен е итен и праведен мир во Украина

Ден пред третата годишнина од руската инвазија врз Украина, генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш повика на итен крај на војната.

Гутереш: Потребен е итен и праведен мир во Украина

Ден пред третата годишнина од руската инвазија врз Украина, генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш повика на итен крај на војната.

– Повторно ја истакнувам итната потреба од праведен, одржлив и сеопфатен мир – мир кој целосно ќе го почитува суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници, изјави Гутереш.

Украина утре ќе биде во фокусот на дебатите во Советот за безбедност и Генералното собрание на ОН, особено во контекст на новата стратегија на американскиот претседател Доналд Трамп, кој бара начин да ја заврши војната со одредени отстапки кон Русија.

– Осумдесет години по крајот на Втората светска војна, војната во Украина претставува сериозна закана не само за мирот и безбедноста во Европа, туку и за самите темели и клучни принципи на Обединетите нации, предупреди Гутереш.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Русија ја започна инвазијата на Украина на 24 февруари 2022 година, почнувајќи војна што доведе до десетици илјади жртви од двете страни на фронтот.

To top