Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш идната недела во Женева ќе организира разговори за иднината на Кипар, со лидерите на кипарските Грци и Турци, како и со претставници на Грција, Турција и Велика Британија, соопшти денеска портпаролот на ОН, Микеле Закео.
„Неформалниот состанок ќе даде можност за суштинска дискусија за можностите за понатамошен напредок во врска со кипарското прашање“, рече Закео на прес-конференција во Женева.
Претстојните разговори се сметаат за обид да се стави крај на застојот во мировните преговори, кои се во ќорсокак од 2017 година.