Свет он

Гутереш длабоко загрижен поради ескалацијата на насилствата на Блискиот исток по израелските напади во Иран

Генералниот секретар итно го повторува својот повик до сите страни да ги прекинат сите воени дејствија.

Гутереш длабоко загрижен поради ескалацијата на насилствата на Блискиот исток по израелските напади во Иран

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш е „длабоко загрижен поради ескалацијата на насилствата на Блискиот Исток“ по израелските напади врз Иран, рече неговиот портпарол Стефан Дужарик во денешното соопштение.

„Генералниот секретар итно го повторува својот повик до сите страни да ги прекинат сите воени дејствија, вклучително и Газа и Либан, да ги направат сите можни напори за да се спречи сеопфатна регионална војна и да се вратат на патот на дипломатијата“, додаде Дужарик.

To top