Свет Го осуди притворањето

Гутереш бара Хутите итно да ги ослободат претставниците на ОН

ОН постојано ги отфрла обвинувањата на Хутите дека вработените и операциите на организацијата во Јемен се вклучени во шпионажа.

Гутереш бара Хутите итно да ги ослободат претставниците на ОН

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш денеска го осуди притворањето на 10 претставници на ОН од страна на јеменските бунтовници.

Хутите вчера приведоа 10 службеници на ОН, со што вкупниот број на приведени се искачи на 69.

Гутереш повика на итно ослободување на сите заробеници, изјави неговиот портпарол Стефан Дижарик.

Овие притворања го прават неодржливо доставувањето хуманитарна помош на ОН во областите контролирани од Хутите. Ова директно влијае на милиони луѓе на кои им е потребна помош и го ограничува нивниот пристап до помошта што спасува животи, наведе Дижарик.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

ОН постојано ги отфрла обвинувањата на Хутите дека вработените и операциите на организацијата во Јемен се вклучени во шпионажа.М

Јеменските бунтовници од почетокот на 2015 година контролираат големи делови од земјата, вклучително и главниот град – Сана, каде што Хутите ги воспоставија своите политички институции. Меѓународно признатите јеменски власти се протерани од Сана во Аден. (МИА)

To top