Тој исто така се заложи да се испитаат и кривично да се гонат сите наводи за сексуално насилство од страна на припадниците на Хамас извршени на 7 октомври, при нападот врз Израел.
– Војната на Израел во Газа во текот на изминатите сто дена предизвика големо уништување и смрт на цивили со брзина без преседан. Со ништо не може да се оправда колективното казнување на палестинскиот народ, посочи Гутереш.
Според него што подолго трае судирот во Газа тоа е поголем ризикот од ескалација и на други места.
– Не смееме да го видиме во Либан тоа што го гледаме во Газа и не можеме да дозволиме да продолжи тоа што се случува во Газа, истакна Гутереш.