Бројот на жителите на ЕУ кои купуваат печатени книги, списанија или весници преку интернет е сè уште значително поголем од оние кои купуваат електронски книги, списанија или весници. Новото истражување на Еуростат е објавено по повод Светскиот ден на книгата и авторското право – 23 април.
На ниво на ЕУ, во 2023 година, поточно во временската набљудувачко-истражувачка рамка од три месеци, 13,4 отсто од испитувачите претпочитаат да купат печатена книга преку интернет. Тоа е повеќе отколку во 2022. (12,7 насто), но помалку во однос на 2021. (14,5 отсто). Во исто време, лани, 7,2 отсто од граѓаните во ЕУ купиле е-книга наспроти 6,6 отсто во 2022. и слично како во 2021 година.
Најголем процент на граѓани кои купиле печатена книга во 2023 година имало во Холандија, Луксембург и Ирска – над 20 отсто. Најмал, пак – во Кипар (1,6 насто), Летонија (2,9 насто) и Бугарија (3,7 насто).
А пак, најголем број луѓе кои купиле е-книга е забележан во Данска (22 отсто, а најмал на Кипар – 0,6 насто од испитаниците. Данска и Финска се единствените земји-членки на ЕУ чиишто жители повеќе сакаат електронски отколку печатени книги.