Занимливости Свет Верувале или не!

Градоначалник на романско село со 166 жители, кое нема вода и канализација, оди на работа со хеликоптер од 800.000 долари

Градоначалникот Габриел Бордија изјави дека леталото е негова сопственост, дека сака да лета со хеликоптер и има дозвола за управување. Сепак, местата на кои слетува се нелегални и не се официјално овластени, забележуваат медиумите.

Градоначалник на романско село со 166 жители, кое нема вода и канализација, оди на работа со хеликоптер од 800.000 долари

Градоначалникот на едно романско село со 166 жители, кое нема вода за пиење, ниту канализација, оди на работа со хеликоптер вреден 800.000 долари, објавуваат телевизијата „Диџи 243 и веб-страницата „Хотњуз“.

Жителите на селото Бребу Ноу во округот Карас-Северин немаат ниту вода за пиење ниту канализација.

Сепак, неговиот градоначалник користи хеликоптер за службени цели, купен за 800.000 долари од Австрија на име на компанија што ја поседуваат тој и татко му, објавува „Диџи 24“.

Градоначалникот Габриел Бордија изјави дека леталото е негова сопственост, дека сака да лета со хеликоптер и има дозвола за управување. Сепак, местата на кои слетува се нелегални и не се официјално овластени, забележуваат медиумите.

„Диџи 24“ истакнува дека селото Бребу Ноу, во кое живеат 166 луѓе, е едно од најмалите населени места во Романија и не е поврзано со водоводна и канализациска мрежа. (МИА)

Најнови вести од Занимливости Свет

To top