Голем пожар беснее во Измир, објави телевизијата ТРТ-Хабер. Пожарот избувнал во регионот Борнова во Измир околу 13:30 часот од засега неутврдени причини.
Поради пожарот, жителите на два кварта се евакуирани. Затворен е и патот Измир-Маниса.
Во гаснењето на пожарот учествуваат шест авиони и девет хеликоптери, како и десетици противпожарни возила.
Управникот на Измир, Сулејман Елбан, изјави дека засега нема информации за жртви и повредени лица. Според Елбан, на неколку куќи им е нанесена материјална штета.
Елбан додаде дека противпожарните екипи се на пат да го стават пожарот под контрола. (МИА)