Свет Израел сериозно си ја сфати работата

Галант: Хамас ќе престане да постои по оваа војна

Нема да има безбедносни закани за Израел од Газа, а Израел ќе ја задржи целосната слобода да одговори со акција на секоја ситуација во Појасот Газа што претставува каков било вид закана

Галант: Хамас ќе престане да постои по оваа војна

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант рече дека Израел „ќе ја задржи целосната слобода да одговори со акција на каква било закана во Појасот Газа“ и откако ќе заврши војната.

Говорејќи во Комитетот за надворешни работи и одбрана, Галант рече дека „на крајот на оваа војна Хамас ќе престане да постои“.

„Нема да има безбедносни закани за Израел од Газа, а Израел ќе ја задржи целосната слобода да одговори со акција на секоја ситуација во Појасот Газа што претставува каков било вид закана“, рече Галант.

Министерот исто така рече дека главниот воен приоритет е „елиминација на феноменот наречен Хамас“, дека тој лично е фокусиран на „победата во војната“ и на враќањето на израелските заложници во нивните домови.

To top