Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант го информира американскиот државен секретар Ентони Блинкен за воената операција на Тел Авив во градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа и преземањето на блискиот граничен пункт со Египет, јавија светските агенции, повикувајќи се на канцеларијата на Галант.
Во телефонскиот разговор Галант и Блинкен „го разгледаа развојот (на ситуацијата) во Газа и… прецизната операција во областа Рафа против останатите делови на „Хамас“, и како во исто време се осигурува безбедноста на преминот“, се вели во соопштението. (МИА)