Свет данска

Фредериксен: Европа е способна да направи повеќе во одбраната

Навистина би било многу тешко за Европа денес да се одбрани без поддршка од САД, но е способна да направи повеќе во одбраната, изјави денеска данската премиерка Мете Фредериксен.

Фредериксен: Европа е способна да направи повеќе во одбраната

Навистина би било многу тешко за Европа денес да се одбрани без поддршка од САД, но е способна да направи повеќе во одбраната, изјави денеска данската премиерка Мете Фредериксен.

„На Европа би ѝ било исклучително тешко да се одбрани во моментов, бидејќи сме зависни од САД за разузнавање и нуклеарно оружје, но мислам дека сме способни да направиме повеќе од она што се зборува јавно“, рече Фредериксен за време на прес-конференцијата на Универзитетот „Сајенс По“ во Париз, каде што ѝ се придружи и премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен.

„Најважно е да се вооружиме, но рокот не треба да биде 2035 година, како што одлучи НАТО. За жал, предоцна е“, додаде данската премиерка. „Направивме огромна грешка со намалувањето на трошоците за одбрана“, им рече Мете Фредериксен на студентите на „Сајенс По“.

-Европејците кои се обидуваат да ги зајакнат своите врски со други светски сили поради влошувањето на односите со САД не треба да заборават дека Кина ја поддржува Русија во нејзината војна против Украина. Во овој брзо развивачки свет, ни требаат сигурни партнери и пријатели, рече Фредериксен за Кина, истакнувајќи дека развојот на односите со Пекинг од европска перспектива е посложено прашање од зближувањето со другите земји.

„Русија не би можела да води голема војна во Украина без поддршката на Кина. Знам дека Кина ѝ помага на Русија во нејзината војна во Европа, каде што Москва убива Европејци, и мислам дека никој од нас не треба да ја гледа Кина на ист начин како пред војната“, нагласи Фредериксен.

Копенхаген е во центарот на тензиите меѓу САД и Европа поради искажаната желба на американскиот претседател Доналд Трамп да ја стекне полуавтономната данска територија Гренланд, за која тој верува дека е неопходна за безбедноста на САД.

To top