Свет

Фон дер Лајен во посета на Кипар- со Христодулидис ќе разговараат за поморскиот коридор за хуманитарна помош за Газа

Меѓу темите беа поморскиот коридор за обезбедување хуманитарна помош за Газа и денешната посета за таа цел на пристаништето Ларнака, актуелната состојба во кипарското прашање и миграцијата.

Фон дер Лајен во посета на Кипар- со Христодулидис ќе разговараат за поморскиот коридор за хуманитарна помош за Газа

Поморскиот коридор за хуманитарна помош за Газа, ќе биде во фокусот на разговорите на кипарскиот претседател Никос Христодулидис и претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен на нивната денешна средба во Никозија и посетата на пристаништето во Ларнака, јави дописничката на МИА од Атина.

Фон дер Лајен и Христодулис, вчера, по конгресот на Европската народна партија во Букурешт, од Романија заедно пристигнаа на Кипар, а синоќа имаа приватна, неформална вечера во Претседателската палата во Никозија.

Меѓу темите беа поморскиот коридор за обезбедување хуманитарна помош за Газа и денешната посета за таа цел на пристаништето Ларнака, актуелната состојба во кипарското прашање и миграцијата.

На почетокот на годинава, речиси 90 тони хуманитарна помош, меѓу кои десет тони фармацевтски производи испратија Кипар и Велика Британија за цивилите во Газа, што воедно беше и првата помош по морски пат, откако Никозија презеде иницијатива за отворање морски хуманитарен коридор.

To top