Свет

Фон дер Лајен ја поздрави одлуката за замрзнување на руските државни средства на неодредено време

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен денеска ја поздрави одлуката на Советот за продолжување на имобилизацијата на руските суверени средства.

Фон дер Лајен ја поздрави одлуката за замрзнување на руските државни средства на неодредено време

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен денеска ја поздрави одлуката на Советот за продолжување на имобилизацијата на руските суверени средства.

– Испраќаме силен сигнал до Русија дека сè додека продолжува оваа брутална агресивна војна, трошоците за Русија ќе продолжат да растат. Ова е моќна порака до Украина: Сакаме да се осигураме дека нашиот храбар сосед ќе стане уште посилен на бојното поле и на преговарачката маса, напишаа таа на Х.

Земјите од Европската Унија со големо мнозинство се согласија да ги замрзнат руските државни средства на неодредено време во ЕУ, соопшти претходно данското претседателство на ЕУ, со што е надмината првата пречка за ставање на располагање на Украина на парите како заем за репарација.

До денес, сите 27 земји-членки мораа едногласно да се согласат на секои шест месеци да ги држат средствата замрзнати според санкциите на ЕУ како одговор на инвазијата на Русија врз Украина во 2022 година.

Унгарија постојано се закануваше дека ќе престане да се согласува со периодичните продолжувања, пренесе ДПА.

За да ги замрзнат парите на неодредено време, земјите од ЕУ се повикаа на механизам за економска вонредна состојба кој овозможува преминување од едногласно гласање на мнозинско гласање.

Земјите тврдат дека војната на Русија против Украина предизвикува сериозни економски предизвици и дека затоа трансферот на средства кон Русија мора итно да се спречи за да се ограничи штетата врз економијата на ЕУ.

И Унгарија и Русија се заканија со правни мерки пред одлуката.

Потегот за замрзнување на државниот имот на Русија во ЕУ во вредност од околу 210 милијарди евра (246,5 милијарди долари) на неодредено време има за цел да ги олесни плановите за обезбедување дел од парите на Украина како долгорочен заем за репарации.

Најнови вести од Свет

To top