Свет

Финскиот претседател повика да се назначи европски пратеник за Украина

Стуб ја поздрави француско-британската иницијатива за создавање „коалиција на подготвените“ во знак на поддршка на Украина.

Финскиот претседател повика да се назначи европски пратеник за Украина

Европа би требало да создаде сопствен преговарачки тим како дел од мирното решавање на украинскиот конфликт и да назначи специјален пратеник за Украина, изјави финскиот претседател Александер Стуб.

„Потребни ни се две работи. Прво, тоа е тим од преговарачи, каков што имаат Американците, Украинците и Русите. И ги имаа во Ријад, во Саудиска Арабија. А потоа, можеби, со текот на времето, ќе ни треба специјален пратеник кој ќе биде одговорен и ќе координира сè“, рече Стуб во интервју за Франс 24 по учеството на состанокот на „коалицијата на подготвените“ во Париз.

Стуб ја поздрави француско-британската иницијатива за создавање „коалиција на подготвените“ во знак на поддршка на Украина. (МИА)

To top