Свет

„Финер“ суспендира некои летови кон Естонија поради руско попречување на ГПС сигналот

„Финер“ суспендира некои летови кон Естонија поради руско попречување на ГПС сигналот

Финската авиокомпанија„Финер“ соопшти дека еден месец ќе ги прекине своите дневни летови до Тарту во источна Естонија, поради пречки во ГПС сигналот.

„Финер“ ќе ги прекине своите дневни летови до Тарту, Естонија од 29 април до 31 мај, за да може да се постави алтернативно решение за слетување кое не бара ГПС сигнал на аеродромот Тарту“, соопштија од авиокомпанијата и додаваат два нивни авиони морале да се вратат во Хелсинки минатата недела бидејќи не можеле да се приближат до Тарту поради пречки со ГПС сигналот.

Прекините се почести од 2022 година, односно откако Русија ја нападна Украина.

Најнови вести од Свет

To top