Свет

Фицо во писмо до Кошта: Словачка нема да ја финансира украинската армија

Словачкиот премиер Роберт Фицо во писмо упатено до претседателот на Европскиот совет, Антони Кошта, изјави дека Словачка „не е во позиција“ да поддржи какво било решение насочено кон покривање на воените трошоци на Украина во наредните години.

Фицо во писмо до Кошта: Словачка нема да ја финансира украинската армија

Словачкиот премиер Роберт Фицо во писмо упатено до претседателот на Европскиот совет, Антониo Кошта, изјави дека Словачка „не е во позиција“ да поддржи какво било решение насочено кон покривање на воените трошоци на Украина во наредните години.

Потоа Фицо јасно стави до знаење дека силно ги поддржува мировните напори на американскиот претседател Доналд Трамп за „прекин на непотребното крвопролевање“.

Тој исто така рече дека на претстојниот самит на Европската унија нема да поддржи никаков предлог поврзан со воените трошоци на Киев, односно не е во позиција да поддржи какво било решение за финансиските потреби на Украина што би вклучувало покривање на воените трошоци на земјата во наредните години.

Најнови вести од Свет

To top