Свет Побара од вработените во целата држава доброволно да се пријават

ФБИ формира Центар за раководење со ризикот во Минеаполис

Претходно, директорот на ФБИ, Каш Пател изјави декана социјалните медиуми постојат се поголеми закани кон органите на редот.

ФБИ формира Центар за раководење со ризикот во Минеаполис

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) формираше Центар за раководење со ризикот во Минеаполис и побара од вработените во целата држава доброволно да се пријават, објави Си-ен-ен (CNN) повикувајќи се на неименуван извор.

Тој наведе дека ФБИ ќе се фокусира на ангажирање на агенти кои имаат искуства во истражувањето на социјалните медиуми, за поефикасно да се собираат разузнавачки податоци за групите кои протестираат против присуството на федералните имиграциски службеници во градот.

Со Центарот ќе раководи Одделението за борба против тероризмот во ФБИ.

Претходно, директорот на ФБИ, Каш Пател изјави декана социјалните медиуми постојат се поголеми закани кон органите на редот.

– Денеска имаше бран заканувачка активност на социјалните медиуми, главно концентриран во Минесота и поврзан со ескалација на реториката против спроведувањето на законот. Секоја веродостојна закана се проценува и се преземаат мерки. Ние сериозно ја сфаќаме оваа одговорност. Заштитата на јавноста и нашите професионалци за спроведување на законот останува наш врвен приоритет, објави вчера Пател на платформата Икс. (МИА)

To top