Европската унија денеска соопшти дека ќе испрати 20 милиони евра хуманитарна помош на Хаити.
Сиромашната карипска земја е погодена од смртоносно групно насилство заедно со политичката криза што почна во 2021 година со атентатот на претседателот Жовенел Моиз.
-Нивото на насилство од бандите е без преседан и драстично ги зголемува хуманитарните потреби низ целата земја, рече портпаролот на Европската комисија, Балаж Ујвари.
Премиерот на Хаити, Ариел Анри, кому не му е дозволено да се врати во земјата, најави оставка и покрај тоа што незаконски ја извршуваше функцијата, но нема знаци дека тоа ќе стави крај на кризата и безвластието во кое загинаа стотици луѓе во последните неколку недели. (МИА)