Свет Од 2022 година

ЕУ и нејзините членки обезбедија за Украина речиси 169 милијарди евра

Се наведува дека 59,6 милијарди евра се потрошени за воена помош, вклучувајќи го и делот финансиран од Европскиот фонд за мир.

ЕУ и нејзините членки обезбедија за Украина речиси 169 милијарди евра

Европската унија и нејзините членки и обезбедија на Украина 168,9 милијарди евра од февруари 2022 година, соопшти Европската комисија.

Се наведува дека 59,6 милијарди евра се потрошени за воена помош, вклучувајќи го и делот финансиран од Европскиот фонд за мир.

Дополнително, ЕУ и нејзините земји-членки обезбедија најмалку 17 милијарди евра за поддршка на луѓето кои ја напуштиле Украина.

Од вкупната сума, 3,7 милијарди евра се обезбедени од приходите добиени од замрзнати руски средства.

Во соопштението се додава дека денеска на Украина и се исплатени четири милијарди евра. (МИА)

To top