Европската Унија доби покана за учество во Комитетот за мир за Газа и го цени тоа, информира денеска заменикот главен портпарол на Европската комисија, Олоф Гил.
-Во оваа фаза можеме да потврдиме дека ја примивме поканата. Претседателката (на ЕК, Урсула) Фон дер Лајен е во близок контакт со европските лидери во врска со сите геополитички прашања и дискусиите на оваа тема ќе продолжат неделава, изјави Гил.
Тој потврди дека поканата за учество во Комитетот се однесувала на Фон дер Лајен, а на прашање дали поканата е прифатена, одговори само дека дискусиите продолжуваат.
-Нашата цел е да постигнеме мир и сакаме да придонесеме во сеопфатниот план за ставање крај на конфликтот во Газа, додаде Гил.
Комитетот за за мир, чие формирање го објави американскиот претседател Доналд Трамп на 15 овој месец, е замислен како меѓувладино тело, предводено од САД, со цел да „промовира стабилност, да воспостави сигурна и легална управа и да обезбеди траен мир“ во Газа. (МИА)