Свет По убиството

Ерика Кирк: Чарли го убија поради патриотизам, немате поим што ослободивте низ оваа земја

-Немате поим каква огнена вистина запаливте во оваа сопруга, плачот на оваа вдовица ќе одекнува низ светот како боен повик. Секој треба да го знае ова: ако мислевте дека мисијата на мојот сопруг беше моќна порано, немате поим, немате поим што ослободивте низ оваа земја и светот токму сега, нагласи таа.

Ерика Кирк: Чарли го убија поради патриотизам, немате поим што ослободивте низ оваа земја

Американскиот конзервативен активист Чарли Кирк беше убиен за време на јавен настап во САД, а неговата сопруга Ерика порача дека бил мета поради идеалите што ги бранел, пренесе Си-Ен-Ен.

-Чарли го убија затоа што проповедаше патриотизам, вера и милосрдна љубов кон Бог, рече Ерика Кирк.

Таа додаде дека движењето на нејзиниот покоен сопруг ќе продолжи да живее и да се бори за вредностите што тој ги застапуваше.

Кирк на 10 септември беше застрелан во вратот додека држеше говор пред околу 3.000 студенти на Универзитетот Јута Вали.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Во говор одржан во седиштето на организацијата на Кирк, Turning Point USA, Ерика Кирк им се обрати и на оние што ги нарече „злосторници“.

-Немате поим каква огнена вистина запаливте во оваа сопруга, плачот на оваа вдовица ќе одекнува низ светот како боен повик. Секој треба да го знае ова: ако мислевте дека мисијата на мојот сопруг беше моќна порано, немате поим, немате поим што ослободивте низ оваа земја и светот токму сега, нагласи таа.

Вдовицата на Кирк најави дека турнејата на нејзиниот сопруг низ американските универзитети ќе продолжи оваа есен и во наредните години, како и неговиот поткаст.

Шефот на ФБИ, Кеш Пател вчера потврди дека осомничениот убиец на Чарли Кирк, кој е идентификуван како Тајлер Робинсон (22), е уапсен. (МИА)

To top