Свет ќе преговара

Ердоган во посета на Германија

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ќе го прими турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој доаѓа во Берлин во посета, откако неодамна го обвини Израел дека се однесува како „терористичка“ држава во војната против палестинското движење Хамас.

Ердоган ќе има средба со германскиот колега Франк-Валтер Штајнмаер, а потоа и работна вечера со Шолц, по што ќе се врати во Турција. Тоа е прва посета на Ердоган на Германија од 2020 година.

Ердоган се претстави како потенцијален посредник во првите денови од конфликтот меѓу Хамас и Израел, но потоа застана на страната на палестинското исламистичко движење кога израелската војска почна да го бомбардира Појасот Газа.

Според Хамас, повеќе од 11. 000 Палестинци, главно цивили, се убиени во Појасот Газа од почетокот на конфликтот.

Два дена пред неговата посета на Берлин, Ердоган го оквалификува Израел како „терористичка држава“ и ги обвини САД и нивните западни сојузници дека „отворено ги поддржуваат масакрите“ во Газа.

Пред една недела тој рече дека самиот легитимитет на државата Израел е „доведен во прашање поради сопствениот фашизам“, а таа изјава предизвика негодување во Германија.

Теми на денот

To top