– Никој не може да не убеди да го квалификуваме Хамас како терористичка организација. Турција е земја која отворено разговара со лидерите на Хамас за сè и цврсто стои зад нив, посочи Ердоган.
Тој е еден од бранителите на палестинската кауза и еден од најжестоките критичари на Израел од почетокот на војната во Појасот Газа, што почна како одмазда за нападот врз израелска територија на 7 октомври од страна на Хамас.
Ердоган постојано го опишува Израел како „терористичка држава“ и го обвини дека „врши геноцид“ во Појасот Газа.
За Ердоган „нема разлика“ меѓу израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и нацистичкиот лидер Адолф Хитлер.