Свет Нето-нула емисии до 2053

Ердоган повика на еднаква распределба на финансиските ресурси за климата

– Таквите напори бараат значителен финансиски придонес, нагласи тој.

Ердоган повика на еднаква распределба на финансиските ресурси за климата

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган повика на еднаква распределба на финансиските и технолошките ресурси за да се помогне во напорите за заштита на климата.

Турција има за цел да ја постигне целта за нето-нула емисии до 2053 година и да ја зголеми стапката на рециклирање отпад на 60 отсто до 2035 година, рече денеска Ердоган на конференцијата КОП28 во Дубаи.

– Таквите напори бараат значителен финансиски придонес, нагласи тој.

– Критично е да имаме еднаков пристап до финансиските ресурси за климата и можностите за трансфер на технологија, додаде Ердоган.

Турција одделно има за цел да го зголеми уделот на обновливите извори на енергија на 69 отсто до 2053 година, рече тој.

Турскиот лидер ја искористи говорницата за да го покрене и прашањето за обновените борби во Појасот Газа, пренесе ДПА.

– Додека разговараме за климатската криза, не можеме да ја игнорираме хуманитарната криза што се развива на палестинските територии веднаш до нас, рече тој.

Ердоган обвини дека израелските напади врз Газа претставуваат „воено злосторство“ и „злосторство против човештвото“. (МИА)

To top