Свет Европската комисија

ЕП го поддржа усвојувањето на пакетот помош на Украина по скратена постапка

Со предлогот се предвидува ЕУ да обезбеди кредит од 90 милијарди евра за Украина финансиран преку заедничко задолжување на Унијата на пазарите на капитал.

ЕП го поддржа усвојувањето на пакетот помош на Украина по скратена постапка

Европратениците денеска со големо мнозинство го поддржа барањето на Европската комисија за усвојување на финансискиот пакет на ЕУ за поддршка на Украина по скратена законодавна процедура.

Согласно ваквата одлука, Европскиот парламент на следната пленарна седница ќе треба да се изјасни за предлог за исплата на заемот од 90 милијарди евра за поддршка за Украина.

Со предлогот се предвидува ЕУ да обезбеди кредит од 90 милијарди евра за Украина финансиран преку заедничко задолжување на Унијата на пазарите на капитал.

На овој начин би обезбедила воена и општа буџетска помош за Киев, како и поддршка за одбранбената индустрија на Украина и нејзината интеграција во Европската одбранбена индустриска база.

Истовремено, европратениците, одлучија и да ја забрзаат постапката за измена на уредбата за Украинскиот инструмент и за усвојување на одлуката за ослободување на Словачка, Унгарија и Чешка од обврските поврзани со заемот за Украина.

Европратениците на денешната седница со 503 гласови „за“, 57 „против“ и 108 „воздржани“ го усвоија и предлогот за подобрување на достапноста и снабдувањето со основни лекови во ЕУ, кој има за цел да обезбеди високо ниво на заштита на јавното здравје за европските граѓани преку намалување на зависноста на Унијата од други земји и зголемување на конкурентноста на нејзиниот фармацевтски сектор.

Најнови вести од Свет

To top