Свет „ЕџиптЕр“

Египетскиот национален авиопревозник ги откажа летовите за Ирак и Јордан поради „ситуацијата во регионот“

Авиокомпаниите во регионот ги откажаа или пренасочија летовите, а Иран и Ирак ги откажаа сите летови во нивниот воздушен простор.

Египетскиот национален авиопревозник ги откажа летовите за Ирак и Јордан поради „ситуацијата во регионот“

Египетската авиокомпанија „ЕџиптЕр“ денеска ги откажа летовите до ирачкиот главен град Багдад и до Ербил – главниот град на автономниот регион Ирачки Курдистан, поради „случувањата во регионот“, неколку часа по израелските напади врз воени цели во Иран, објави весникот „Ал Ахрам“.

Египетскиот национален авиопревозник, исто така, ја откажа својата линија до главниот град на Јордан, Аман.

Компанијата соопшти дека летовите нема да реализираат се додека ситуацијата не се стабилизира и ги советуваше патниците да ги проверат своите резервации на телефоните и на нејзината веб-страница.

Израел рано изутрината изврши воздушни напади врз Иран како одговор на масовниот ирански напад на 1 октомври.

Авиокомпаниите во регионот ги откажаа или пренасочија летовите, а Иран и Ирак ги откажаа сите летови во нивниот воздушен простор.

To top