Едно лице загина, а 15 други се повредени во Киев и Харков во денешниот бран руски напади, соопштија официјални лица.
Регионалниот гувернер на Харков, Олег Синегубов, изјави: „
Едно лице е убиено како резултат на нападите на окупаторите врз Харков… Осум лица се ранети“.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека „во моментов има 7 хоспитализирани во главниот град“. (МИА)