Свет

Еден убиен, четворица повредени во израелски напад во јужна Газа

Палестински медицински извори во Газа денеска соопштија дека едно лице е убиено, а четворица се повредени во израелски напад врз градот Абасан ал-Кабира, бидејќи прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас останува кревок.

Изворите во болницата Насер во Кан Јунис рекоа дека убиеното лице е машко.

Израелската војска соопшти дека ги истражува извештаите кога беше замолена да коментира.

Палестинските медиуми објавија дека израелската војска испалила дрон кон група луѓе во Абасан ал-Кабира кои барале да ги проверат своите домови по прекинот на огнот.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Според извештајот, некои се здобиле со сериозни повреди во нападот.

Првично не беше можно независно да се потврдат тврдењата.

Абасан ал-Кабира, кој се наоѓа источно од Кан Јунис, е под израелска воена контрола и се наоѓа зад „жолтата линија“, зад која армијата се повлече како дел од договореното примирје.

Израелската армија соопшти дека пукала врз лица кои влегле во подрачјето контролирано од војската и им се приближиле на војниците таму откако на 10 октомври стапи на сила сегашниот прекин на огнот меѓу Израел и палестинската екстремистичка организација Хамас.

To top