Британски трупи на крајот би можеле да бидат испратени во Украина доколку новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп одлучи да ја прекине американската помош за Киев, изјави поранешниот британски премиер Борис Џонсон.
Украинскиот пораз ќе доведе до „уште поголема закана на нашите граници, на границите на европскиот континент каде и да се судираат демократиите со Русија“, изјави Џонсон за ГБ њуз.Џонсон рече дека одлуката на САД, Велика Британија и другите сојузници да ја поддржат Украина е „разумна инвестиција за заштита на нашата колективна безбедност“.
Кога Русија ќе се опорави откако Киев ќе ја загуби поддршката, нашата колективна безбедност навистина ќе биде деградирана, предупреди тој, додавајќи дека Велика Британија тогаш ќе мора да испрати британски сили да помогнат во одбраната на Украина.
За време на интервјуто, Џонсон исто така рече дека Трамп слуша „многу различни советници“ за Украина, вклучително и некои републиканци кои се „маѓепсани“ со Владимир Путин. Сепак, тој ја истакна претходната поддршка на новоизбраниот претседател за Украина.
Познавачите толкуваат дека ова се претешки зборови од човек кој сега е во позиција само да прогнозира, а не да носи одлуки во Британија. Џонсон одамна не е премиер на Обединетото Кралство.