Најмалку две лица загинаа во денешниот израелски напад со дрон врз јужен Либан, јави државната новинска агенција (ННА).
При нападот повеќе лица се повредени, меѓу кои и едно дете.
Цел на израелскиот напад бил автомобил и мопед. Сè уште не е познато дали убиените се членови на проиранското милитантно движење Хезболах.
Израелската армија сè уште не го коментирала нападот.
По ракетниот напад извршен на 27 јули врз градот Друза Маџал Шам во окупираната Голанска Висорамнина, при што загинаа најмалку 12 лица, израелската Влада најави одговор на нападот од Либан. (МИА)