Бомбаш самоубиец денеска активираше експлозив на воен контролен пункт во Јемен, при што загинаа 12 војници, соопштија локалните власти.
Нападот се случил на контролен пункт во јужната провинција Абиџан.
„Напаѓачот паркирал автомобил со експлозив до објект на безбедносните сили во областа Мудија“, изјави портпаролот на Преодниот совет на Јужен Јемен, Мохамед ал Накиб.
Засега ниту една група не ја презеде одговорноста, но екстремистите поврзани со Ал Каеда на Арапскиот Полуостров ги засилија нападите врз воените објекти во Јемен. (МИА)