Два танкера за течен гас (LPG), што пловат под индиско знаме, денеска поминаа низ Ормуската Теснина иако целиот сообраќај на критичниот воден пат останува блокиран – соопшти платформата за следење бродови.
Танкерот „Пајн Гас“ (Pine Gas) помина низ Теснината, а кратко време потоа и танкерот „Џаг Васант“ (Jag Vasant), што беше во близина, се наведува во податоците од платформата за следење бродови „Марине трафик“.
Танкерот „Пајн гас“ ја емитува пораката „Индиски брод и екипаж“, според одделните податоци за следење бродови од платформата LSEG.
Стотици бродови сè уште се заглавени во Персискиот Залив, а илјадници морнари се принудени да останат закотвени поради американско-израелската војна со Иран.