Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин е во посета на Украина, каде ќе разговара со украинските претставници и ќе ја пренесе поддршката на папата Франциск за постигнување мир во Украина.
Кардиналот утре ќе се сретне со претседателот на Украина Володимир Зеленски и со други претставници на украинските власти.
„Верувам дека ќе разговараме за мир, за тоа какви се можните перспективи за мир“, рекол кардиналот Паролин, пренесува Укринформ.