На летот на Рајанер во Италија денеска се одвивала драма која завршила со смрт на еден патник, пренесува Билд.
Имено, неколку минути по полетувањето од Торино, во авионот починал 33-годишен патник. Според информациите од аеродромот, пилотот веднаш го вратил авионот назад, но за жал за несреќниот човек било доцна.
Се уште нема информации за точната причина за смртта. Авионот бил на пат од Торино кон градот Ламесија Терме на југот на Италија.
Како што пренесува „Кориере дела сера“, патникот, кој патувал со сопругата, се пожалил на мачнина по качувањето. Потоа изгубил свест.
Според истиот извор, пилотот веднаш го свртел авионот и слетал на истиот аеродром по 36 минути. Но за жал екипите за итна помош само потврдиле дека патникот починал.
Сопругата на несреќниот маж е пренесена во болница. Според извештаите, двајцата се венчале пред само една година.