Украинскиот премиер Денис Шмигал објави дека договорот за транзит на руски гас преку Украина нема да биде продолжен по крајот на годината.
По разговорот со словачкиот премиер Роберт Фицо, Шмихал на Телеграм напиша дека Украина е подготвена да разговара за транзит на гас од која било земја освен Русија.
-Во тој поглед, доколку Европската комисија официјално и се обрати на Украина за транзит на гас освен руски, ние ќе разговараме за тоа и сме подготвени да постигнеме соодветен договор…Нагласувам дека договорот за транзит на гас на Украина со Русија истекува на 1 јануари 2025 година и нема да биде продолжен, додаде тој.
Украинскиот премиер истакна дека веќе е направено многу во текот на изминатата година за да се обезбеди доволно снабдување со енергија, особено гас, за земјите од ЕУ.
Словачка и другите земји што добиваат гас од Русија преку Украина се во разговори за да се обидат да избегнат прекин на транзитот по истекот на договорот, јавија фанцуските медиуми.