Во италијанската општина Тори дел Бенако на езерото Гарда регистрирани се повеќе од 900 случаи заразени со норовирусот, а над 300 се хоспитализирани поради дијареја, мачнина, грчеви или треска.
Се претпоставува дека вирусот се проширил преку водоводот и водата за пиење.
Градоначалникот на Тори дел Бенако, Стефано Никотра ги предупреди граѓаните да не ја користат водата од водоводот за пиење, миење на храната и за готвење. (МИА)