Свет околу 11.500 загинати во газа

Делумно воспоставени комуникациските врски во Газа

Телефонските и интернет врските денеска се делумно обновени во Газа откако беше доставено гориво за работа на генераторите без кое тие не се возможни.

Делумно воспоставени комуникациските врски во Газа

Израел најави дека ќе дозволи два цистерни со гориво дневно да влегуваат во Газа за потребите на Обединетите нации (ОН) и за комуникациските системи.

Одобреното количество гориво е околу половина од она што ОН го бараат за спасување на стотици илјади луѓе во Газа, вклучително и отворање систем за водоснабдување, за работата на болниците, пекарите и камионите кои доставуваат најнеопходна помош.

Најмалку 11.470 Палестинци, од кои две третини жени идеца, се убиени од почетокот на војната, а околу 2.700 луѓе се водат како исчезнати.

Во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври загинаа околу 1.200 луѓе, а околу 240 беа заробени.

To top