Израел најави дека ќе дозволи два цистерни со гориво дневно да влегуваат во Газа за потребите на Обединетите нации (ОН) и за комуникациските системи.
Одобреното количество гориво е околу половина од она што ОН го бараат за спасување на стотици илјади луѓе во Газа, вклучително и отворање систем за водоснабдување, за работата на болниците, пекарите и камионите кои доставуваат најнеопходна помош.
Најмалку 11.470 Палестинци, од кои две третини жени идеца, се убиени од почетокот на војната, а околу 2.700 луѓе се водат како исчезнати.
Во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври загинаа околу 1.200 луѓе, а околу 240 беа заробени.